Што Представува Фотоволтаичниот Систем

Фотоволтаичниот систем представува електроенергетски систем кој е дизајниран за искористување на соларната енергија со помош на фотоволтаици. Системот се состои од неколку компоненти кои вклучуваат соларни панели , соларен инвертер и други компоненти кои го прават овој систем функционален.

Кои се Придобивките од Поставување на Фотоволтаичен Систем

Со фотоволтаичните системи, сопствениците на домови произведуваат електрична енергија од сончева светлина за сопствени потреби, со што заштедуваат финансиски средства за плаќање на електричната енергија.

Услови Под Кои Може да се Постави Фотоволтаичен Систем во Вашиот Дом

Согласно новиот Закон за енергетика домакинствата имаат право да постават фотоволтаичен систем за сопствена потрошувачка. Условите за поставување на ваков систем се дефинирани со повеќе закони и подзаконски акти, но првенствено потребно е да поседувате локација/објект за која поседувате соодветна документација(имотен лист, други документи за сопственост, документ за долготрајно право на користење, закуп и сл.). Сите останати докунти , како основен и изведбен проект, дозволи за градба и сл. се составен дел на овие услови.

Воедно е неопходно броилото на корисникот на фотоволтаичниот систем да се промени од еднонасочно во двонасочно кое ќе го мери текот на енергијата кон и од дистибутивната мрежа.

Промената на броилото се состои во поднесување на барање за промена на приклучок кој се поднесува до операторот на дистрибутивниот систем.

Постапка за Добивање Понуда

Се што треба да направите е да пополните барање со податоци за изгорвување на понуда за ФН централа кое ви го доставуваме во прилог на оваа информативна понуда , каде ќе ги наведете основните карактеристики потребни за изготвување на пон уда, а се со цел попрецизно дефинирање на решение.

Наша Услуга

Елпеком на своите корисници на фотоволтаичен систем им нуди целосно решение кое опфаќа:

Проектирање на фотоволтаичниот систем и планирање на изведба.

Набавка на опрема и материјали, инсталација, каблирање, ФН панели, инвертери, монтажа.

Мерење, тестирање и пуштање во работа на фотоволтаичниот систем.

Можност за редовно одржување и сервисирање на фотоволаичниот систем.

ПВ Сетови за Производство на Електрична Енергија

Согласно потребите на корисникот секое решение е индивидуално.
Панелите кои ќе се користат за инсталација кај корисникот се со ЕУ потекло.
Инвертерите кои ги користиме во нашите системи се од познатиот бренд ФРОНИУС Австрија.
Гаранцијата на системот е според поединечните гаранции кои ги даваат произведителите.

Бесплатна Анализа на Заштеда

Контактирајте не и добијте бесплатна анализа за заштеда на енергија.